Нека се подготви Одеса: Дали Русите го подготвуваат најголемиот десант во оваа војна?

Генералштабот на вооружените сили на Украина информира дека Русија подготвува поморски десантни операции во Црното Море.

„Се распоредува група бродови во оперативната зона на Црното Море (Вооружените сили на Руската Федерација) и продолжува да се подготвува за поморска операција за слетување“, тврди украинската страна.

По опсадата на Мариупол, ослободувањето на Керсон, руската војска сега е на приодите кон Николаев.

Украинците стравуваат дека Русите ќе се обидат да ја заземат Одеса со десант.

Центарот на Одеса е пуст, ова место повеќе личи на град на духови. Градот е забарикадиран со вреќи со песок и се подготвува за борба.

Бомбардирањето не е почнато, но третиот по големина град во Украина изгледа како веќе да е бомбардиран, пишувааат агенциите.

Жителите на Одеса со денови се предупредуваат за можноста за десант од руски војници, па затворениците, криминалните групи и екстремистите се ослободени, но дел од проукраинското население го има преземено оружјето што владата неселективно го дистрибуирала.

Back to top button
Close