Некој повторно сака да го ограничи потпишувањето на колективните договори, велат од Синдикатот на УПОЗ
Синдикатот на УПОЗ реагира на заклучокот на Владата со кој се задолжуваат буџетските корисници при склучување на колективните договори да ги имаат предвид одобрените буџетски средства, а јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост да бараат мислење од Министерството за финансии.
– Некој повторно сака да го ограничи преговорите и потпишувањето на Колективни договори!!! Како да не се научија грешките од минатото? Дали на повидок е уназадување на правата кои произлегуваат од Колективните договори?? Со заклучок од седница на Влада, министерот за финансии повторно ќе одлучува кој ќе може, а кој не ќе може да склучи колектив договор? Вака ли ќе градиме социјален дијалог?, прашува Синдикатот на УПОЗ.
Владата во вторникот го усвои ребалансот на Буџетот, а министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во средата на прес-конференција информираше дека се усвоени и неколку заклучоци.