Некои се среќаваа со американски претседатели, некои си намигнуваа, Мицкоски се надева на присуство на инагурација.

Додека некои македонски политичари во минатото остваруваа офицјиални средби со американски претседатели, некои се среќаваа и разговараа на самити, има и такви политичари кои си надмигнуваа со нивните американски колеги, а премиерот Христијан Мицкоски дури и шетањето низ Вашингтон го претставува како успех.

Во изјава за Дојче веле ПР тимот на Мицкоски изјавија дека „ова е прва ваква можност во историјата на самостојна Македонија, премиерот на Владата на вака високо ниво во американската политика да оствари контакти значајни за државата“. Тоа воопшто не е точно, а како глорификација, груба и неточна ја оцени и долгогодишниот проследувач на македонските надворешни односи, особено со САД, новинарот Љупчо Поповски од Независен.мк.

Кога станува збор за средбите на македонските државници со претседателите на САД за официјални и тет-а-тет средби се сметаат само две. Едната е онаа на починатиот претседателот Борис Трајковски кој беше примен од американскиот претседател Џорџ Буш помладиот во 2001. Познато е дека тие двајцата беа блиски пријатели и претходно и таа нивна средба како претседатели на две држави во Белата Куќа останува, сега засега, како прва официјална средба на македонски со американски претседател.

Втората, официјална средба е онаа на поранешниот премиер Владо Бучковски, кој беше Овалната соба беше примен во октомври 2005, исто така од Џорџ Буш помладиот. После Бучковски ниту еден македонски премиер немал средба со претседател на САД во Белата Куќа. Во Белата куќа, но кај потпретседателите на Америка имаа средби Бранко Црвенковски во летото 1998, кога беше примен од потпретседателот Ал Гор, Никола Груевски во февруари 2011 имаше разговор со тогашниот потпретседател, а сега претседател, Џо Бајден.

Последен во Белата куќа беше Зоран Заев во 2018 година тогаш на официјална средба со потпретседателот Мајк Пенс. Средба со Џо Бајден како потпретседател на САД имаше и поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, а како запаметен ќе остане дипломатскиот гаф на Иванов кој тогаш во изјава за Гласот на Америка рече дека си намигнал со Барак Обама за време на Молитвениот појадок во Белата Куќа што го организираше Бајден. (Рацин.мк)

Back to top button
Close