Неколку десетици израелски доселеници упаднаа во комплексот Ал Акса во Ерусалим

Управата на исламски вакафи во Ал-Кудс соопшти дека 122 еврејски доселеници провалиле во коплексот Ал-Акса, упаѓајќи преку влезот што го чувала израелската полиција,пренесе агенцијата Анадолија.

Десетици израелски имигранти денеска упаднаа во дворот на комплексот, во кој е џамијата Ал-Акса во Стариот град, во окупираниот источен ал-Кудс (Ерусалим).

Вообичаено израелските доселеници влегуваат во комплексот секое утро и попладне преку портата Ал-Муграби, југозападно од џамијата.

Израелската полиција од 2003 година почна да дозволува упади на имигранти и покрај постојаните осуди од страна на Управата на исламски вакуфи во Ал-Кудс.

Упадите на фанатичните Евреи во комплексот Ал-Акса предизвикуваат ескалација на тензиите во регионот.

За муслиманите, Ал-Акса е третото најважно светилиште, а Евреите веруваат дека таму некогаш имало два еврејски храма.

Комплексот Ал-Акса, што опфаќа 15 проценти од старото јадро на Ал-Кудс, е под израелска окупација и претставува точка на спојување на трите најголеми религии во светот.

Back to top button
Close