Неколку градови утрово загадено, најзагадено е во Струмица и Скопје

Според податоците од страната „Ер Кер“(Аir care), неколку градови во Македонија денеска се екстремно загадени, а на водечка позиција е Струмица, каде во најзагадените делови индексот изнесува 399.

 

Загаден воздух во Струмица / Фото: Принтскрин

За второто место утрово е „мртва трка“ помеѓу Куманово, каде индексот на загаденост изнесува 255, и Скопје со индекс на загаденост 247.

После нив следуваат Кавадарци и Крушево, каде индексот на загаденост изнесува 164, односно 176.

Скопје утрово се најде на четвртото место на најзагадени градови во Европа со повеќе од 300.000 жители, веднаш зад Белград и Крајова, а најзагаден град во Европа денеска е повторно Сараево.

Фото: Принтскрин

Во Скопје, најголемо загадување во моментот се забележува во Пролет со индекс на загаденост 239, Лисиче со 212 и во населбата 11 Октомври во Кисела Вода, каде индексот на загаденост изнесува 110.

Загаден воздух во Скопје / Фото: Принтскрин

 

Back to top button
Close