Неколку хотели во Скопје одбиле да ја примат еврејската група

Во Скопје неколку хотели ги одбиле за престој членовите на еврејската група и до 3 часот по полноќ чекале во автобус, јави Телма.

Со полициско обезбедување членовите на  еврејската религиозна група Лев Тахор, кои од четвртокот престојуваа во Куманово поради притисок на дел од јавноста  доцна во ноќта со автобус  се префрлени во хотел во главниот град. Куќата каде беа сместени, граѓаните ја гаѓале со јајца. Оваа еврејска група претходно престојувала во БиХ. Тие ги отфрлаат информациите дека учествувале во злоставување на деца.

Back to top button
Close