Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир каде се чува изборен материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на општина Чаир, каде што се чува изборен материјал, но откако биле забележани од полицискиот службеник, кој го обезбедува изборниот материјал, лицата го напуштиле местото.

Не е причинета штета на капијата ни на изборниот материјал.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Back to top button
Close