(ВИДЕО) Нели ќе го раскинеа договорот со Бехтел и Енка, нели ќе го вратеа името“ – Филипче за кампањата и однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ

Ако се направи споредба со денес од пред една година, излезе дека целата кампања и пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ била лажна, порача лидерот на СДСМ, Венко Филипче во емисијата „Политиканти“

„Сега излезе дека Бехтел и Енка не бил криминален проект. Тоа е стратешки проект од важност и единствениот проект кој ја движи економијата, внимавајте. Некакво позитивно движење на бруто домашниот производ има благодарение ексклузивно на тој проект. Ништо друго во државата не се случува, се друго стои. И инвестициите странски се од наше време, овие сега што се како Магна итн…Е сега нели требаше да се декласифицира договорот со Бехтел и Енка, зошто не го декласифицираат? Еве, сега може да го направат. Не ли беше надзорот фирма за чорапите? Сега си продолжуваат со истиот надзор. Нели ќе го враќаа името?“ вели Филипче.

Тој додаде дека за време на кампањата се создала колективна психоза по однос на многу прашања и дека потребно е да се анализира како била смислена таа кампања на ВМРО-ДПМНЕ, кој ја финансирал и дали финансирањето е само од домашни или можеби е и од странски извори.

Back to top button
Close