Нелогично и тешко е да се објасни дека ќе ја пуштиме Албанија, но не и Северна Македонија, вели Ќучук

Бугарскиот европратеник и известувач на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучук, посочи оти Европа тешко ги разбира заплетканите историски разговори бидејќи мора да ја отвори, како што рече, Пандорината кутија за сопствената историја, а таа не сака да го направи тоа. Но, додаде оти Европа ги разбира многу добро човековите права и слободи, па затоа е фер барањето Бугарите во Северна Македонија да бидат составен дел од македонскиот Устав
Нелогична и многу тешка за објаснување е тезата дека ќе ја пуштиме Албанија, а за Северна Македонија ќе го гледаме прашањето од историски аспект, изјави бугарскиот европратеник и известувач на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучук.

Тој посочи оти Европа тешко ги разбира заплетканите историски разговори бидејќи мора да ја отвори, како што рече, Пандорината кутија за сопствената историја, а таа не сака да го направи тоа.

„Но, Европа ги разбира многу добро човековите права и слободи. И затоа фер е барањето Бугарите во Северна Македонија да бидат составен дел од македонскиот Устав“,

рече Ќучук за БНР.
Тој, меѓутоа, кажа и дека зголемениот притисок од европските институции за решавањето на прашањето со Северна Македонија е легитимно и оти проширувањето е клучен приоритет на оваа Европска комисија.

„Бугарија нема за што да се грижи, најмалку да се обидува да избегне искрен, отворен разговор со Северна Македонија – како за минатото така и за иднината. Но, очигледно е дека од национална гледна точка немаме јасно изразена позиција на ниво на власт. Ако оваа влада треба да се критикува аргументирано – тоа е неможноста да постигне консензус за клучните прашања. Едно од нив е Северна Македонија, другото е односот кон Украина“,

коментира Илхан Ќучук.
За Ќучук, формулата за решавање на прашањето со земјава треба да биде резултат не само на внатрешните коалициски напори туку и вклучување на опозицијата.

Back to top button
Close