Нема бојкот на изборите, сите што гласале на парламентарни, гласале и за претседател

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски на денешната прва прес-конференција увери дека нема бојкот на претседателските избори и дека сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател.

„На неколку места се појавени технички проблеми, кои во меѓувреме се решаваат, таму гласањето ќе продолжи на стар начин со УВ ламба и спреј, а доколку се исправат техничките недостатоци, ќе се продолжи со техничката опрема. Такви места има во Кочани, Охрид, во Куманово, во Тетово и во Гази Баба.

Има доставено и 15 приговори за избирачко право, и само три од нив се одбиени“ изјави Даштевски.

Back to top button
Close