Нема чисти чаршафи за креветите на Клинички центар

Во очекување на нов министер за здравство, проблемите во секторот се таложат. На Онкологија и натаму гужви поради акутниот проблем со кадар.
Но она што дополнително ја шокираше јавноста е информацијата на Канал 5 дека од денеска ќе нема чисти чаршафи за болничките кревети во комплексот „Мајка Тереза“.
Причина е бојкотот и револт во пералната во рамките на клиничкиот центар, бидејќи немаат земено плата од декември.

„Од декември немаме земено плата, чекаме секој ден. Денеска протестираме и не примаме чаршафи, само зелени зошто тоа треба за операции и не можеме така да оставиме“, велат вработени од пералната за Канал 5.
Од Јануари 2024 година со пералната управува приватната фирма СкопСтер.

Back to top button
Close