Нема да има отпуштања или намалување на платите во јавниот сектор, вели министерката Тренчевска


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, во Тема на денот на Сител кажа дека нема да има отпуштања и намалување на платите во јавниот сектор, но и дека жали што Сојузот на синдикати на Македонија излезе со шпекулации со што се создаде паника кај граѓаните. Таа вели дека тврдењата на синдикалците се невистинити и дека во политиката за намалување на расходите нема ниту една таква мерка, туку тоа се препораки како да се заштеди во јавниот сектор со цел парите кои ќе бидат заштедени да одат во реалниот сектор.

„Во ниту една мерка не пишува дека администрацијата ќе биде отпуштена од работа и дека ќе им е намалена платата. Една мерка е за рационализација и оптимизација на вработените во јавниот сектор преку функционална анализа, односно да се види дали има доволен број на вработени во институцијата или вишок“,

рече Тренчевска.
Таа вели дека тие кои се вишок нема да бидат отпуштени, туку целта е да се направи оптимизација и преку мобилност да се преземат тие вработени.

За препораката за работа од дома, како што појасни, не значи дека цела јавна админситрација ќе работи од дома. Препораката, како што посочи, е за тие кои имаат можност да работат од дома, но најмногу 30 отсто од вработените. На оние кои ќе работат од дома, нема да им биде намалена платата.

За цените на дневен престој во градинките, Тренчевска рече дека цената ја формира советот на општината.

„Ние даваме препорака советот да ја разгледа можноста за зголемување на цената на праведен начин со правилник, зависно од приходите на семејството, од бројот на децата во семејството, така и да ја формираат цената. За семејства со помали прходи да има една цена, за семејства кои имаат поголеми приходи поголема цена. За да бидат рентабилни и да можат да имаат приход треба да се разговара на Совет дали има можности да се зголеми цената”,

кажа Тренчевска.
Во однос на мерките за пензионерите, Тренчевска кажа дека финансиската поддршка ќе биде исплатена надвор од правото на пензија. По неколку дена од исплатата на пенизјата ќе се исплаќа финансиската поддршка, вели министерката.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close