Нема да има свадби во кулата на АЕК на Водно, ниту пристап со возила до неа


Четвртата, највисока платформа е ротирачка, прави еден круг за еден час и ќе има масички и столчиња, но нема да има ни скари ни јадење, ќе има кафе, сок за посетителите. Значи патот нагоре нема да се отвора, а работното време уште не е дефинирано, тврди претседателот на Комисијата на АЕ
Орце Симов

Во ротирачкиот ресторан во телекомуникациската кула на Водно нема да има ниту свадби ниту веселби, а патот до неа нема да се отвори за возила, тврдат од Агенцијата за електронски комуникации откако на социјалните мрежи се отвори „дебата“ дали ќе се дозволи или не со автомобил да се искачува до врвот на Водно.

Според претседателот на Комисијата на АЕК, Орце Симов, работите се при крај, но уште не се комплетно завршени. Сѐ уште се очекува приклучок на мрежата за струја, како и изградба на резервоар за енергенси за потребите на кулата.

Останати се уште некои ситници, иако најголем дел од проблемите што беа заостанати во последните десетина години се решени и се завршени. Една од поголемите работи што треба да се заврши е приклучокот на електричната мрежа на ЕВН. Кулата во моментов свети ама со градежна струја, правиме некои урбанистички планови, проекти, има работи што зависат од процедури. Тоа е еден од поголемите проблеми инаку другото е завршено, останува уште мал дел од партерното уредување, столбови за осветлувањето доле на партерното уредување треба да се постават и резервоарот за нафта за дизел агрегатите да се вкопа во земја. Тој треба да стои на местото каде што стои кранот, сега кранот го симнавме и се отвара фронт да се постави резервоарот – вели Симов за „Слободен печат“.

Нема да има ни свадби ни веселби, ниту се планира да се отвори патот. Таму има четири платформи, едната е за војска и полиција, заедно ќе ја делат. Втората е за мобилните оператори, третата е за македонска радио-дифузија и четвртата, највисоката, е за туристичко угостителска дејност. Таа е ротирачка, прави еден круг за еден час и ќе има масички и столчиња, но нема да има ни скари ни јадење, ќе има кафе, сок за посетителите. Значи патот нагоре нема да се отвора, а работното време уште не е дефинирано, тврди Симов и додава дека оваа платформа ќе се изнајми некому за да стопанисува со неа.

Извор: Слободен печат

Back to top button
Close