„Нема да застанеме додека не ја тргнеме корумпираната власт на СДСМ“, се наведува во дојавите за бомби

„Нема да застанеме додека не ја тргнеме корумпираната власт на СДСМ“, била една од пораките наведена во денешниот маил во кои се најавува за дојави на бомби во претседателската вила, трговски центри, медиуми, пренесе „Фокус“.

Од МВР велат дека веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки и во тек се антитерористички проверки.

Денеска (21.02.2023) е пријавено дека преку електронските адреси е упатена закана за поставена експлозивна направа до Музеј на град Скопје, Природонаучен музеј, Археолошки музеј, Музеј на ММБ Спомен куќа на Мајка Тереза, ГТЦ, Ист гејт мол, ТЦ Бисер, Флатајрон, Џевахир, Управен суд, Куќа на претседателот-Вила Водно, хотел „Мериот“, хотел „Александар Палас“, СЦ „Борис Трајковски“, Железничка станица – Скопје и ФФМ.

Back to top button
Close