Нема дизел за земјоделците во Хрватска, во прашање е доведена пролетната сеидба
Хрватската земјоделска комора (ХЗК) предупреди дека недостигот на дизел за земјоделска механизација ја загрозува пролетната сеидба, поради што е неопходна итна реакција на надлежните институции.

„Актуелната состојба со снабдувањето со син дизел во Хрватска стана неодржлива и директно ја загрозува пролетната сеидба и земјоделското производство во целина, истакна ХЗК, наведувајќи дека земјоделците низ целата земја се соочуваат со сериозен проблем – „едноставно нема син дизел на бензинските пумпи“.
Комората потсетува дека реагирале на овој проблем веќе на 10 март оваа година, кога било испратено писмо до Министерството за земјоделство и Министерството за економија, но Министерството за економија не одговорило до денеска.
„Во време кога временските услови се клучни, а роковите за сеидба се исклучително кратки, недостигот на тој енергенс ги става производителите во ситуација да не можат да ги извршат потребните агротехнички операции. Ова ја загрозува не само овогодишната жетва, туку и целокупната стабилност на домашното земјоделство и снабдувањето со храна“, велат од ХЗК.






