Нема клаузула на доверливост за државни пари – Владата и Лотарија да објават како се потрошени 4,8 милиони евра за прославата на независноста
Доколку Владата постапуваше во духот на доброто владеење и ги почитуваше принципите на транспарентност, одговорност и отчетност, уште на првата прес-конференција во мај ќе им го соопштеше својот план на граѓаните за тоа колку се планира да чини прославата за независноста, од каде ќе се обезбедат средствата и кој ќе биде одговорен за сето тоа.

Ова дотолку повеќе што финасиската конструкција се прави пред да започне настанот, а не кога ќе заврши, вели за „Слободен печат“ Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување корупција.
Таа додава дека со неодамнешните прес-конференции на кои беше изјавено дека за прославата не се потрошени буџетски средства само се замајува јавноста, бидејќи државата како единствен сопственик на „Државна лотарија“ дава насоки за трошењето на средствата.
– Притоа, што е многу важно, ставањето клаузула за доверливост за трошење државни пари за прослави е само уште една лоша манипулација на граѓаните. Сметам дека надлежните институции – Јавното обвинителство, УЈП, Државната комисија за спречување корупција, Државниот завод за ревизија – треба да постапат и да ги обелоденат фактите за носителите на фунцкии кои не ги почитувале законските процедури и да проверат каде се прекршени процедурите – изјави за „Слободен печат“ Ивановска.
…
Повеќе






