Нема место за притисок и коруптивни зделки во судството, вели американската амбасадорка од Fokus 02.12.2022

Сите кои прават притисок, закани или корумптивни зделки во македонското судство, да бидат повикани на одговорност, за ТВ 24, порачува американската амбасадорка во земјата, Анџела Агелер.

На прашањето како го коментира фактот што Македонија се соочува со низа скандали во судството, во исто време кога во Брисел на билатерален скрининг се отвора едно од најважните поглавја 23 правосудство, Агелер ве

Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат независен правосуден сектор во кој позициите се пополнуваат мериторен, транспарентен процес, без разлика дали е тоа во обвинителството, судството или која било друга јавна институција.  Во овие постапки нема место за политичко мешање. Оние кои би се вмешале преку притисоци, закани или коруптивни зделки на задна врата, треба да бидат посочени и повикани на одговорност од народот на оваа земја. – вели Анџела Прајс Агелер американска амбасадорка во Македонија.

Back to top button
Close