Нема новорегистрирани во Ковид-19 во Велес, оздравени две лица

 Во изминатото деноноќие во Велес и околината, Министерството за здравство нема регистрирано нови случаи на заразени.

Според Институтот за јавно здравје регистрирани се двајца оздравени лица, а кои биле на домашно лекување. Во моментов во Велес и велешко активни се 33 случаи.

На Инфективното одделение при ЈЗУ Општа болница како што информира за МИА, портпаролот д-р Весна Неделковска Николова, моментално се сместени 16 пациенти, од кои кај 12 е потврдена болеста, а четири сомнителни чекаат ги чекаат резултатите од тестот.

Таа осочи дека од 12-те болни со Ковид-19, четири се на кислородна подршка.

Неделковска Николова рече дека изминатиот викенд од велешката болница биле излекувани пет пациенти.

Back to top button
Close