Нема новозаразени но едно лице ја изгуби битката и едно ја доби битката со коронавирусот во Кичево

 Според податоците од Министерството за здраство во Кичево денеска нема нови лица заразени со коронавирус. Едно лице почина, а едно оздраве. Со ова вкупниот број заразени со КОВИД-19 во општината остана на 100, од кои 81 се активни, 14 се излекувани и пет лица се починати.

-За среќа немаме новозаболени лица денеска во Киочево, но денеска за жал едно лице ја изгуби битката со вирусот. Исто така, имаме и регистриано едно оздравено лице, рече доктор Џабир Бајрами, член на општинскиот Кризен штаб во Кичево.

Тој апелира граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.

Back to top button
Close