„НЕМА ОТСТАПКИ“, порачаа од Европската комисија на барањата на транспортерите од Западен Балкан

Европската комисија (ЕК), засега, не покажува подготвеност да ги задоволи барањата на професионалните возачи поврзани со подолг престој во Шенген зоната за нивните професионални потреби.

Партнерите од Западен Балкан се охрабруваат да ги искористат одредбите за долгорочни визи и дозволи за престој или флексибилноста предвидена во Шенгенските правила, особено во однос на правилата за прекугранични работници“, изјави портпаролот на Европската комисија, Гијом Мерсие.

 

Шенгенските правила им дозволуваат на патниците максимум 90 дена престој во кој било 180-дневен период на целата територија на Шенген зоната. Ова ги вклучува и државјаните на кои не им е потребна виза за влез. Периодот од 180 дена е таканаречен „ролирачки“ прозорец, што значи дека секој ден престој се брои 180 дена наназад за да се осигури дека ограничувањето од 90 дена не е надминато.

 

Од друга страна, правилата за прекугранични работници во ЕУ, што значи живеење во една земја и работа во друга, со дневно или неделно враќање, се однесуваат на социјално осигурување, оданочување и работни дозволи.

 

Принципот на прекуграничните работници е дека социјалното осигурување се плаќа во земјата каде што се извршува работата.

 

Минатата недела се одржа состанок помеѓу Европската комисија и земјите од Западен Балкан на ниво на работни групи. Сепак, како што објасни портпаролот на Мерсија, овој состанок ѝ овозможи на европската страна повторно да ги разјасни постојните Шенгенски правила. Следниот состанок е закажан за 23 февруари, пренесува Радио Слободна Европа.

 

 

Back to top button
Close