Филипче: Нема потврда дека лекот фавипиравир има ефекти во лекување на ковид

Воопшто нема потврда дека  лекот фавипиравир  има ефекти во лекувањето на пациенти заболени од Ковид, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања.

Додаде дека тој лек се користи за инфлуенца, за грип и оти додека не бидат завршени студиите не може да бидат сигурни дека помага и кај пациенти заболени со Ковид.

– Апсолутно не сме препорачале никакво лекување, на ниту едно ниво во здравствениот систем нема препорака и нема да го препорачаме, нормално, како и секој друг лек додека нема соодветен доказ во некоја од клиничките студии или испитувања кои веќе се спроведуваат, нагласи Филипче.

Back to top button
Close