Немало обид за киднапирање на две деца во училиште во Карбинци. МВР Штип со детали

Обидот за киднапирање на две деца од училишниот двор на ОУ Страшо Пинџур во штипско Карбинци го потврди и тамошниот градоначалник Виктор Паунов.

-Имаше обид за грабнување на две деца од училиштето. Обидот е спречен, но не загрижува дека безбедноста е доведена до знак прашалник за децата во училиштата, но и за граѓаните на јавните места каде се движат-истакна тој во изјава за ТВ Стар.

Од СВР Штип за „Фокус“ го потврдија настанот, но сепак со различна веразија од онаа на градоначалникот, кој тврди дека станувало збор за две деца кои биле мета на киднаперите. Официјално, според СВР Штип, се работело за едно девојче.

– Денеска (05.12.2023) во 09.52 часот во СВР Штип од Основно училиште во Општина Карбинци е пријавено дека околу 09.30 часот во училишниот двор со патничко возило „голф“ дошло младо машко лице, кое според пријавеното, поканило ученичка да влезе во неговата кола за да одат на кафе, но таа веднаш се вратила во училиштето и пријавила кај директорката.

„Пласирањето на ваквите шпекулации, од кои дел и во дневно-политички цели, е со цел да предизвикаат паника, вознемиреност, постојано чувство на страв и несигурност кај граѓаните. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на вакви шпекулации. Исто така, им благодариме на медиумите кои ги проверуваат информациите во надлежните институции“, се вели во соопштението на МВР.

Претходно, во изјава за ТВ Стар, и директорката на училиштето, Наталија Костова, кажа дека станува збор за две деца, од кои едното со македонска, а другото со турска националност

Back to top button
Close