Немаме намера да се мешаме, туку да ве поддржиме – вели Агелер за изјавата на Мицкоски

Неодамнешната изјава на премиерот се однесуваше на изјавите на дел од амбасадорите во земјава оти Судскиот совет и Советот на јавни обвинители не треба да се распуштат – мерка што уште во предизборието ја најави ВМРО-ДПМНЕ

Нашата намера никогаш не е да се мешаме, туку да ве поддржиме – вели американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер во врска со неодамнешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски оти станало пракса странските амбасадори да се мешаат во внатрешните работи на државата.

Изјавата на премиерот се однесуваше на изјавите на дел од амбасадорите во земјава оти Судскиот совет и Советот на јавни обвинители не треба да се распуштат – мерка што уште во предизборието ја најави ВМРО-ДПМНЕ.

Американската амабсадорка Анџела Агелер и премиерот Христијан Мицкоски / Фото: Архива

Говорејќи во интервју за емисијата „200“ на Телевизија Алсат, Агелер вели дека одлуките кои се носат во Судскиот совет и воопшто во судството, се само на челниците на оваа земја, но додава оти е разочарувачки што довербата на јавноста во судството е само два проценти.

„Нашата намера никогаш не е да се мешаме. Отсекогаш наша намера било да ве поддржиме. Одлуките кои се носат во Судскиот совет, или искрено, во кое било друго тело во рамки на судството, се одлуки само на челниците на оваа земја. Ние не кажуваме кој треба да седне во кој било суд. Ние не кажуваме кој треба да биде член на кој било совет. Дали има широко распространета корупција во судството? Да. Кога јавната поддршка и доверба во судството е 2 проценти, тоа е разочарувачки“,рече Агелер во интервјуто за ТВ Алсат.

Премиерот Христијан Мицкоски неодамна изрази подготвеност да седне на иста маса со амбасадорите во земјава и да разговара со нив околу потенцијалното подобро решение кое би го понудиле околу иднината на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители како судско-обвинителски тела, а тоа да не биде нивно распуштање.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close