Немој, брате!

Што значи тоа дека мораме да ги продолжиме преговорите со Бугарија за да почнеме преговори за влез во ЕУ? Па ако толку мораме, ај уште одма да кажеме дека сме Бугари и да ги скокнеме сите датуми.

Што ли уште треба да се случи во односот на Бугарија кон нас за да ги видиме заедно Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски? Ама, да не зборуваат за себе и за своите партии. И Мицкоски на тој состанок да не уценува со предвремени избори. И да не се надмудруваат кој повеќе патриотски изрази ќе вметне во некакви декларации за кои ќе се надгласуваат во Собранието. Туку да почнат да мислат што ќе правиме со ЕУ. Оти државната нема јасна преговарачка позиција. Единствената позиција што ја гледаме во моментов е онаа на министерот за надворешни работи Бујар Османи да ѝ помогне на Албанија да не заглави заедно со нас.

 

Ако веќе сме се договориле дека сакаме да бидеме дел од ЕУ, тогаш дај да видиме дали ќе заглавиме со Бугарија докажувајќи дека постоиме, или ќе ја менуваме стратегијата? Што ќе правиме дома додека ЕУ ја поддржува Бугарија? Од кого ќе бараме помош? Дали ќе бараме помош? Дали ние можеме да ѝ помогнеме на ЕУ? Дали ќе ги замрзнеме преговорите со Бугарија? Дали привремено ќе ги замрзнеме преговорите со ЕУ?

 

Одлуката не треба да биде „Не за ЕУ“. Туку не за ЕУ што лицемерно поддржува барања од своја членка кои ќе го поништат нашето постоење.

Оти како тргнал Радев со лажгите, не е далеку денот кога ќе ни се нацрта некој европски бирократ што ќе ни постави нов услов – да ги откриеме „концентрационите логори во кои сме испотепале десетици илјади Бугари“, како што рече Радев. ЕУ си има консензус при одлучувањето. Тие мора да се согласат и да ја потврдат секоја глупост што некој од нив ќе ја тресне. Затоа што глупоста доаѓа од внатре, а ние сме надвор.

Колумната на Горан Михајловски во целост прочитајте ја тука

Back to top button
Close