Ненадејно почина познатиот хрватски новинар Мислав Баго


Хрватската телевизија НОВА објави дека ненадејно, на 48-годишна возраст, починал нивниот уредник и политички коментатор Мислав Баго. Утрото бил пронајден мртов, а нема официјални информации за причините за смртта.

„Неговото прерано заминување е голема загуба за нас. Беше омилен колега, секогаш подготвен да помогне. Остави неизбришлива трага во новинарството. Се воодушевуваме на неговата страст за новинарската професија, секогаш со нова идеја, секогаш чекор понапред“, вели директорката на Информативната програма на Нова ТВ, Ксенија Кадрум.

Мислав Баго со својот специфичен стил и новинарски израз беше познат и почитуван и од македонската телевизиска публика. На социјалните мрежи се коментира дека токму поради неговата неуниформност во инаку строгата професија тој прераснува во лик кој станува дел од поп-културата.

Својот професионален ангажман го започнува во ХТВ каде својот врв го достигнува како водител на емисијата „Отворено“. Од 2009 година е уредник и новинар во НОВА ТВ.

Добитник е на бројни награди, меѓу кои и онаа за Новинар на годината во 2006 година за серијата интервјуа со поранешните премиери Иво Санадер и Ивица Рачан.

Back to top button
Close