Ненадеен напад на пчели во централна Франција, 24 повредени

Невообичаен напад на пчели во францускиот град Оријак повреди 24 лица, од кои тројца се во критична состојба, јавија тамошните медиуми.

Француските власти соопштија дека нападот од инсектите, што се случил минатата седмица во средишниот дел од земјата, траел околу 30 минути. Пожарникари и медицински екипи биле испратени на местото на настанот за да им помогнат на повредените. Полицијата поставила безбедносен периметар сè додека пчелите не престанат да напаѓаат. Потешко повредените тројца се однесени во блиската болница.

Потполковникот Мишел Кајат, раководител на противпожарната служба, рече дека никогаш не се сретнал со таков напад.

– Повредениот кој доживеал кардиореспираторен застој, мораше да биде реанимиран во противпожарното возило. Во однос на бројот на повредени, паниката меѓу луѓето и сериозноста на некои од повредите, тоа беше вџашувачко, изјави Кајат за телевизискиот канал „ТФ1“.

Градоначалникот на Оријак, Пјер Матоние, изјави за францускита „БФМ ТВ“ дека нивната состојба е добра.

– Случајот можеби е поврзан со азиски стршлени коишто беа чувани во кошница на кровна тераса на хотел во центарот на градот. Стршлените можеби предизвикале пчелите да станат агресивни. Пчеларот ја отстрани кошницата и таа е преместена вон градот, додаде Матоние.

Back to top button
Close