Неочекуван пресврт во здравствената состојба на херојот од Сиднеј: Загубил многу крв, може да ја загуби раката

Ахмед ал Ахмед, минувачот кој вчера херојски успеа да го совлада и разоружа еден од напаѓачите во Бонди, изјави дека, и покрај тешките повреди и силната болка, повторно би го направил истото. Неговиот адвокат за миграции, Сем Иса, потврди дека Ахмед не жали за својот херојски чин, иако неговата здравствена состојба се влошила

Ахмед е хоспитализиран во болницата „Сент Џорџ“ во Когара, каде се опоравува по првата операција. Тој има пет прострелни рани на левата рака, а еден куршум сè уште е заглавен во пределот на левата лопатка. Лекарите се загрижени поради сериозната загуба на крв и постои ризик дека би можел да ја изгуби раката.

Адвокатот истакна дека Ахмед е скромен човек кој не бара медиумско внимание и постапил од чувство на човечка и морална должност. По добивањето на австралиско државјанство во 2022 година, тој се чувствувал обврзан да ѝ помогне на заедницата која го прифатила.

Неговите родители велат дека, и покрај повредите, Ахмед е добро расположено. Мајката призна дека плачела од гордост кога дознала дека синот спасил животи, а таткото додаде дека Ахмед му се заблагодарил на Бога што им помогнал на невини луѓе.

Повеќе

 

Back to top button
Close