Неочекувана изјава на турскиот судија: Самиот сум виновен што ме претепаа!
Турските медиуми даваат сосема поинаков аспект од синоќешниот скандал по нокаутирањето на судијата за време на мечот помеѓу Анкарагучи и Ризеспор (1-1), откако тврдат дека тепаниот делител на правдата, Умут Мелер, при напуштањето на теренот признал дека самиот бил виновен што бил нокаутиран.

Претседателот на домашниот тим, Фарук Коча, со бокс во лицето го искажа својот револт од начинот на кој беше делена правдата на оваа средба, а потоа и дел од навивачите влетаа на теренот со желба да се пресметаат со официјалните лица. Според полицајците кои влетале да го спасат судијата, тој прво им се заблагодарил на брзата интервенција, што им признал дека самиот е виновен за инцидентот.
Засега не е јасно дали Мелер се извинувал за големото продолжување на средбата или исклучувањето на двајца играчи. Натпреварот имаше осум минути судиско продолжение и црвен картон за секоја страна, со црвен картон за дефанзивецот на Ризеспор, Емирхан Топчу, во 95. минута, две минути пред израмнувачкиот гол.
Се претпоставува дека судијата има скршеница на лицето, додека Коча – за кој се наведува дека има проблеми со срцето – бил хоспитализиран како мерка на претпазливост, но подоцна ќе бил приведен по лекувањето. Првиот човек на домашниот тим имал притисок 190, но потоа бил испратен во Анкара заедно со уште шестмина учесници во инцидентот.






