Знам: Неосновани се обвинувањата, земјиштето е купено во 2010 година, кога Димитриевски не беше градоначалник
Соопштение на ЗНАМ:
Манипулиравте и клеветевте и во 2021 година. И денеска ја гледаме репризата на истото. Неосновани се обвинувањата изнесени на прес конференцијата од поранешната претседателка на Советот на Општина Куманово Мургашанска.
Истите клевети на овие теми ги изнесуваа за време на локалните избори во 2021 година кандидатот на СДСМ Оливер Илиевски, кој изгуби катастрофално на локалните избори, како и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ Лидија Трајковска.
Со правосилна судска пресуда беа осудени, се извинија и платија штета.
Истото ќе се случи и во овој случај со Мургашанска.
Неосновани се обвинувањата, бидејќи станува збор за земјиште купено со купопродажен договор од физичко лице во 2010 година, во време кога Димитриевски не беше градоначалник и е уредно пријавено во неговиот анкетен лист, како и целиот негов имот. Истото земјиште, кое се наоѓа во делот на градот за којшто опфат е сменет урбанистичкиот план и намената на земјиштето, а согласно проценките на општината и пазарната цена, вредноста на истото е покачена, на кој што износ од страна на сопствениците уредно се плаќа данок на промет по реална пазарна вредност. Тоа земјиште било предмет на размена за имот – стан купен со купопродажен договор и платен со банкарска трансакција и платени сите давачки.
Употребна дозвола за изграден објект не издава општината, а најмалку градоначалникот, туку тоа е во надлежност на техничкиот надзор на објектот со конечниот извештај за градба којшто се спроведува во катастар.
Поранешна претседателка на Советот, Мургашанска треба ова да го знае, а не во континуитет да продолжува да ја манипулира јавноста.
Ова е само уште еден доказ дека соочен со фактот дека СДСМ повторно ќе изгуби во Куманово, но овој пат и во целата држава на следните локални избори, а сакајќи да ги прикријат од јавноста актуелните теми за криминалите и златните визи на Филипче и фамилијата Заеви и останатите функционери на СДСМ, дефокусираат и повторно во празно манипулираат и обвинуваат.
И за овој случај ги повикуваме надлежните органи на истрагата да отворат постапка, иако знаеме дека претходно веќе имаат водено, и доколку утврдат било каква неправилност да побараат одговорност.