Неплатените фактури за болничка храна наплатени со камата

Врховниот суд пресече дека Заеднички служби треба да платат долг од 660 илјади евра

Компанијата „Хацат“, која повеќе од 20 години ги снабдува со оброци пациентите и медицинскиот персонал на скопските клиники, пред два месеца, го доби судскиот спор пред Врховниот суд, пренесе Бирн.

Заеднички служби, установата што се грижи за снабдување на Клиничкиот центар, побара највисокиот суд да утврди дали се исправни првостепената и второстепената пресуда, со кои, Заеднички служби на „Хацат“, треба да му исплати над 40 милиони денари, односно над 660 илјади евра, плус камати и судски трошоци по тужба од 2022 година за доставена храна.

Во пресудата на Врховен се наведува дека „Хацат“ „ги исполнил своите договорни обврски реализирајќи ги услугите утврдени во договорот на начин што за потребите на тужениот вршел снабдување со храна на пациентите и на персоналот“.

Повеќе

Back to top button
Close