Непокор за направеното зло

Почитувани читатели, денешната колумна за Еуростандард банка,  ја посветувам на непокорот, на мојот личен непокор во борбата за вистина и за непокорливиот дух на македонскиот народ.
Хуманоста или човекољубието се нераскинлив дел од мене и  убеден сум дека многумина од моите сограѓани така и  ме доживуваат.
Изминуваат скоро 40 месеци од носењето на Еуростандард банка во стечај, а кај мене лично борбата за чиста вистина околу овој стечај, секојдневно станува посилна. Верувам дека јавноста, која ме следи го препознава тоа. Всушност само луѓето со сличен дух може да ја препознаат мојата карактерна особина, а тоа е непокорот.
Правдата и праведноста за мене од секогаш биле првиот и основен постулат на кој ќе го темелам мојот личен и општествен развој како човек.
40 месеци секој ден се будам со истото прашање, зошто ова мене ми се случува?  Зошто се крие правдата, не само за мене, туку и за многу мои  сограѓани? Недовербата кај нас граѓаните во правниот систем се отсликува преку анкетите кои се направени во изминатиот период.
Во очите на јавноста нашиот правен систем има најниска доверба во споредба со другите европски земји. Зошто е тоа така, одговор треба да го дадат највисоките органи во државата, а тоа се Влада на Република Македонија и ресорните министрства за Внатрешни работи, Министерство за правда, Министерство за Финасии.
Во  мојата борба јас сум наоружан со факти за пропусти кои се направени од институциите : Техничка Влада на РМ, Собрание на РМ, со нејзината Комисија за финансирање и буџет, Народна банка и Основното јавно обвинителство.
Очекувам правдата да ми ја испорача токму Основното јавно обвинителство со сите институции кои ги има на располагање.
Сугерирам  дека истрагата околу стечајот на Еуростандард банка , Основното јавно обвинитлство не смее да ја води само врз основа на првиот званичен извештај издаден од Народна банка, во кој ги наведува причините зошто Еуростандард банка се однесе во стечај.
Денес недвосмислено излегува на виделина дека ЕУростандард банка не требало да се носи во стечај, дека од досега насобраните финансиски средства во стечајната маса, не само што ќе ги подмири обврските кон правните и физички лица, клиенти на Еуростандард банка, туку ќе се појави и вишок на финансиски средства.
Основното јавно обвинителство мора да ги земе во предвид сите мои колумни, во кои недвосмислено, фактографски докажувам аномалии во работењето на Техничката Влада, предводена од Оливер Спасовски, прескокнување на инструменти од страна на Народна банка кои ги имала на располагање за  стабилизација на Еуростандард банка, како вонредни мерки и администрација и Собранието на Република Македонија кое го заташка стечајот со еден единствен и незавршен распит без заклучоци.
Знам дека во моментов против себе го имам целиот државен систем, а тоа се  законодавна, извршна и институционална власт, меѓутоа нема да отстапам од мојата цел. Вистината мора да излезе на виделина.
Непокорот во мене мора да продолжи, бидејќи со мојата борба сакам да бидаѓ пример на моето семејство, на моите пријатели, на моите сограѓани и на сите кои можат и сакаат да разберат дека мора да се бориме.
За жал, девијантните појави во секое општество се сурова реалност, но уште посурово е ако се игнорираат. Не  смееме тоа да  дозволиме,  себеуништување, себеискоренување преку корумпирана држава. Пирејот во нас е аманет од предците.
Трифун Костовски

Back to top button
Close