Непознат маж со чекан ја обезглави бистата на Сталин во близина на Москва

Видеото снимено во градот Звенигород (65 км од Москва) го покажува осомничениот како удира со чекан врз бистата на Сталин и ја урива главата, по што заминува.

„Во саботата, во еден од парковите на Звенигород, човек во непријатна состојба со чекан ја урна главата од бистата на Јосиф Сталин“, изјави извор од органите на редот за руските медиуми

Мажот ја оштетил и бистата на Владимир Илич Ленин пред да побегне од местото на настанот.

Полицијата е по потрага по човекот.

Статуата на Сталин во Звенигород беше поставена од група про-сталин активисти во летото 2023 година.

Претходно, локалните власти ја обвинија групата дека ја поставила без дозвола, но одлуката подоцна била сменета откако групата се пожалила на социјалните мрежи.

Back to top button
Close