Непозната материја испуштена во Пчиња кај Драгоманце, водата во реката стана виолетова


Непозната материја со темновиолетова боја денеска е испуштена во реката Пчиња кај кумановското село Драгоманце, а на социјалните мрежи се појавија фотографии од непријатната глетка.

Еколошките активисти со години алармираат за чести случаи на загадување на реката со испуштање разни хемикалии, по целото нејзино течение низ кумановско, но и подолу, сѐ до вливот во Вардар во Таорската клисура. Во минатото за ваквите случаи беа обвинувани мали стопански објекти кои се наоѓаат на реката или во нејзина близина.

Сторителот на последното загадување засега е непознат, а надлежните институции се алармирани и најавија испитувања за да се утврди каква материја била испуштена во Пчиња.

Back to top button
Close