Непознати сторители со пила исекле 14 дрвца во Велес

Непознати сторители со пила исекле 14 садници во одлична вегетациска состојба на улицата „АСНОМ” во Велес.

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски се надева дека надлежните институции ќе го откријат и казнат сторителот. Немилиот настан, како што соопшти, се случил на 29 и 30 март.

– Овие садници имаа потенцијал да бидат мал, но корисен природен филтер во непосредната околина. Се надевам дека надлежните органи ќе го откријат сторителот и соодветно ќе го казнат, рече Коцевски.

Во пролетниот период, како што информираше, засадени се 260 високи повеќегодишни листопадни дрвја кај Еко кампот на езерото Младост, Градскиот парк, паркот Гимназија и пaркот пред општинската зграда. Поради временските услови, засадувањето ќе продолжи наесен

 

 

Back to top button
Close