Непријатна и тешка миризба се шири низ Прилеп, инспекторатот истражува, уште нема одговори

Повеќе од 20 дена низ Прилеп се шири непријатна, тешка миризба што асоцира на хемикалии. Миризбата е главно во вечерните и во ноќните часови. Граѓаните реагираат и не знаат за што станува збор иако некои пријавиле до надлежните.

Од прилепската локална самоуправа потврдуваат дека до инспекторатот во Општината стигнале неколку писмени и усни пријави од граѓаните. Инспекторатот заедно со државниот инспекторат за животна средина и со полицијата прават надзор и контроли. Направени се во два три правни субјкекти но досега нема одговор.

-Пријавите се, главно, од оние што живеат од околината на фабриката 11 Октомври“.Инспекциски надзор излезе на терен во округот од каде е пријавена непријатната миризба. Во соработка е со МВР, со полициската станица со кои е одржан заеднички состанок и писмено е побарана соработка. Извршена е контрола и со претставници од државниот инспекторат за животна средина. Ситуацијата се испитува од каде доаѓа непријатната миризба. За жал, досега сѐ уште не е утврдено и не може да се каже ништо повеќе., иако последниве денови е забележано дека во кругот на фабриката „11 Октомври“ гори некаков отпад. Не можам повеќе да кажам зашто не знаеме што има таму, што горело, кој придонесол за тоа и дали миризбата е таа што доаѓа од таму. Се надевам дека ќе се реши во следниве денови по инспекциската контрола и надзорот што се направени, изјави Влатко Петкоски, портпарол во прилепската локална самоуправа.

Граѓаните барата одговори, а градските власти велат дека доколку некој работел непрописно и незаконски, ќе сноси последици.

Back to top button
Close