Непристоен Предлог
Ако не се прифатат уставните измени, државата ќе се подели на софистициран начин во блиска иднина. Тоа го изјавија главните луѓе и држави на планетава. Главните на планетава се практични и рационални. Никогаш немаат во џебот само едно сценарио.
Го бираат најпрактичното. Тие не препознаваат како ние, овој не сака, оној не мрази.Особено не за држава од реално 1.5 милиони жители, од кои 1 милион не создава никаква додадена вредност. Земете калкулатор во раце и пресметајте! Пензионери плус ученици и студенти и така натаму.
СЗО
На главните луѓе на планетава практично се повеќе им се допаѓа идејата за ЗСО- Заједница Српских Општина како модел. И сите задоволни. Србија мисли дека успеала да извојува нова Република Српска, а во најава и се,потоа санкции. Западната алијанса добива модел за решение во Украина. Сите задоволни. Но опасноста лежи во користењето на овој “успешен”модел кај нас.
Непристоен Предлог
Ако не се прифатат уставните измени кои објективно се бенигни, очекувано е да добиеме ваков непристоен предлог како Деми Мур. Како резултат на домашните етнички превирања, реално е да очекуваме две нови заедници, ЗАО и ЗМО. Главните играчи на планетава кои многу не “сакаат”( едноставно ги заболе) ќе предложат, ако го прифатите ова како ЗМО-Самостојна Покраина во рамките на Бугарската држава, истата секунда сте членка на ЕУ. Тоа е сценарио број 3. Тоа е стампедо. Понекогаш се прашувам дали опозицијата не работи на ова сценарио заедно со радикалите на идното ЗАО, зборувајќи за некакви диктати.
Руди Лазаревски