Нерешено на првата контролка, Словенија се спаси од пораз во судиското надополнувањe

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје во пријателски натпревар одигра нерешено 1:1 со Словенија. Водечкиот гол за домаќините го постигна Елиф Елмас во 55. минута по акцијата која започна од Бобан Николов, а ја продолжи Езѓан Алиоски кој упати одличен центаршут.

Гостите изедначија во последната минута од судиското надополнување преку Домен Чрнигој.

Ова е првиот од двата предвидени контролни дуела на „црвено-жолтите“ пред настапот на Европското првенство за десет дена.

Како и што најави, селекторот Игор Ангеловски натпреварот го почна без калкулации, во најсилен состав. Недостасуваше само Енис Барди кој е позитивен на коронавирус.

По повеќе од една година, на трибините на „Тодор Проески“ се вратија навивачите. Иако капацитетот беше ограничен на 30 %, македонските фудбалери имаа голема поддршка од своите фанови.

Избраниците на Ангеловски, по три дена ќе одиграат уште еден пријателски натпревар, во Скопје ќе гостува Казахстан

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close