Несекојдневен спортски подвиг на младиот планинар Харис Беќири од Ростуше

Младиот планинар и спортист Харис Беќири од Ростуше се впиша во листата на 612 луѓе во светот, кои го совладале напорниот и несекојдневен спортски предизвик, познат како Еверестинг.

Тоа е всушност неформален формат на спортска активност – најчесто велосипедизам, трчање или пешачење каде предизвикот е да се направи вкупно искачување од над 8848 висински метри, односно височината на Еверест, во еден единствен обид, значи, совладување на таа надморска височина на одредена делница (качување и симнување) повеќе пати.

 

Харис го започна предизвикот на 23.07.2022 во 4 часот наутро, а го заврши успешно на 24.07.2022 напладне што значи дека се искачуваше и симнуваше околу 32 часа. Притоа, за време на својот подвиг, доби поддршка од своите блиски, пријателите, соселаните, колеги планинари, медицински тим како и од претставници на локалните институции и приватни фирми.

 

 

Back to top button
Close