Несовесни лица го затвориле главниот вентил за наводнување од системот К 1
Со соодветни пријави до надлежните институции Водостопанство „Тиквеш“ ќе се справува со несовесните граѓани кои во деновите на големи горештини ги оставија земјотелците без вода за наводнување на своите култури бидејќи на своја рака го затвориле главниот вентил од системот за наводнување К1.
Ова денеска на фејсбук страницата беше споделено како информација откако откриле дека станува збор за намерно попречување во функционирањето на системот.
– Ова е веќе пракса од несовесните граѓани. Ќе следуваат пријави до надлежните институции, напишаа од подружницата на Водостопанство.
Пред два дена, оттаму исто така споделија дека изминатиов период затекнале многу дефекти на хидранти настанати поради самоволното пуштање на вода на водокорисниците.
– Затоа ве замолуваме во наредниот период да не се охрабрувате самоволно да пуштате вода за наводнување. Доколку не се почитува ова предупредување во наредниот период, ќе следува пријава на граѓани кои ќе бидат затекнати на лице место, истакнаа од ,,Тиквеш”.
Притоа апелираа, доколку некој водокорисник на вода за наводнување има проблем со водоснабдувањето, да се обрати до надлежните задолжени за водоснабдувањето во регионот