Нетанјаху: Ако ИЦЦ издаде налози за апсење на израелски функционери, тоа ќе биде скандал од историски размери

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека ако Меѓународниот кривичен суд (ИЦЦ) издаде налози за апсење на израелските владини претставници по обвиненијата поврзани со војната против Хамас, тоа ќе биде скандал од историски размери.

– Можноста тие да издадат налози за апсење за воени злосторства против команданти на израелските безбедносни сили (ИДФ) и владини претставници, таа можност е скандал од историски размери рече Нетанјаху.

Тој повтори дека Израел е подготвен да ги постигне воените цели.

– Сакам да објаснам една работа: ниту една одлука, во Хаг или на кое било друго место, нема да ја одврати нашата решеност да ги постигнеме сите наши воени цели: ослободување на сите заложници, целосна победа над Хамас и ветување дека Газа никогаш нема да повеќе нема да биде закана за Израел, наведе Нетанјаху.

Back to top button
Close