Нетанјаху и Трамп му дадоа на Хамас рок од два месеци да се разоружа

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху и претседателот на САД, Доналд Трамп, се договорија на палестинската милитантна група Хамас да ѝ биде даден двомесечен рок за разоружување, дознава израелскиот весник „Израел Хајом“, додавајќи дека во случај Хамас да ги одбие условите за разоружување, понатамошните чекори би ги презела израелската војска.

 

Според извештајот, договорено е и утврдување на практични критериуми за разоружување, вклучително и уништување на опсежната мрежа на тунели под Појасот Газа.

 

Професионални тимови на Израел и САД работат на јасно дефинирање на тоа што би претставувало практично разоружување на Хамас, пренесува „Тајмс оф Израел“. Во случај Хамас да не ги исполни условите за разоружување, одговорноста за понатамошниот тек на настаните би ја презела војската на Израел – Израелските одбранбени сили.

 

– На Хамас ќе му биде даден многу краток период да се разоружа. Ако не го сторат тоа, како што се обврзаа, ги чека пекол, рече Трамп по состанокот со Нетанјаху.

Back to top button
Close