Нетанјаху: Израел целосно ќе го порази Хамас во Газа за да обезбеди ослободување на заложниците

Израел целосно ќе го порази Хамас во Појасот Газа за да обезбеди ослободување на заложниците, изјави синоќа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, по состанокот со безбедносните претставници на кој се разговарало за за следната фаза од војната.

epaselect epa10945791 Israel’s Prime Minister Benjamin Netanyahu addresses a press conference in The Kirya military base in Tel Aviv, Israel, 28 October 2023. EPA-EFE/ABIR SULTAN / POOL

„Треба целосно да го поразиме непријателот во Газа, да ги ослободиме сите наши заложници и да се осигураме дека Газа повеќе не претставува закана за Израел. Нема да се откажеме од ниту една од овие задачи“рече Нетанјаху за време на посетата на воена база.

Вчера попладне, како што информираа од неговата канцеларија, тој одржал ограничена дискусија за безбедноста што траела речиси три часа. За време на состанокот, командантот на армијата му ги презентирал опциите за продолжување на операциите во Газа, се наведува во соопштението.

Вчера, неколку министри потврдија дека Нетанјаху одлучил да ги прошири борбите во областите каде што се држат заложниците, објави израелскиот весник „Кан“.

Весникот „Марив“ забележа дека оваа драматична одлука значи дека армијата ќе започне борба во области каде што се воздржала од борба во последните месеци – каде што можеби се држат заложниците, како и во кампови со раселени жители и области со голема концентрација на цивили.

Во меѓувреме, уште 68 Палестинци беа убиени во израелските напади вчера, вклучувајќи 56 кои чекале дистрибуција на храна во Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа и во Зиким во северниот дел на енклавата.

Армијата соопшти дека испукала предупредувачки истрели во јужна Газа и дека ги проверува извештаите за пукањето во Зиким.

Back to top button
Close