Нетанјаху: Израел ги поддржува „решителните“ акции на САД во Венецуела

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на денешната седница на кабинетот ја изрази „поддршката“ на својата влада за „категоричната одлука и решителните акции на Соединетите Американски Држави“ во Венецуела.

Со американска воена операција вчера од власт беше соборен венецуелскиот претседател Николас Мадуро. По неговото приведување, САД имаат намера привремено да го преземат управувањето со јужноамериканската земја, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

– Во Латинска Америка неколку држави се враќаат во американската сфера на влијание и ги обновуваат врските со државата Израел. Го поздравуваме тоа, го поздравуваме претседателот Трамп и, исто така, ги поздравуваме американските вооружени сили кои спроведоа совршена операција, изјави Нетанјаху.

Од друга страна, Нетанјаху изјави дека Израел е солидарен со борбата на иранскиот народ, по повод протестите во Иран поради влошувањето на економската состојба, пренесе БТА.

Back to top button
Close