Нетанјаху изрази жалење за нападот врз болницата во Кан Јунис
Израел „длабоко жали“ за нападот на израелските одбранбени сили (ИДФ) врз болницата Насер во Кан Јунис, се вели во денешното соопштение на англиски јазик од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
– Израел длабоко жали за трагичната несреќа што се случи денеска во болницата Насер во Газа. Израел ја цени работата на новинарите, медицинскиот персонал и сите цивили. Воените власти спроведуваат темелна истрага, се вели во соопштението, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Израелските воени функционери претходно денеска за медиумите на хебрејски јазик изјавија дека израелски тенковски тим утрово гранатирал камера поставена во болницата Насер во Кан Јунис, на југот на Појасот Газа, поради верувањето дека уредот се користи за следење на трупите.
Во тој напад, според претходните извештаи на палестинските власти, загинале 20 лица, меѓу кои и пет новинари, а нападот предизвика широка меѓународна осуда.
– Нашата војна е со терористите на Хамас. Нашите праведни цели се да го поразиме Хамас и да ги вратиме нашите заложници дома, истакна Нетанјаху во соопштението