Нетанјаху најави ликвидација на новиот ирански лидер
Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху на прес-конференција за новинарите упати прикриена закана дека ќе го убие новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, пишува Тајмс оф Израел.

Нетанјаху говорејќи пред присутните на својата прва прес-конференција од почетокот на војната, рече дека Иран „веќе не е ист“ по речиси две недели бомбардирање и дека Техеран претрпел удари врз својот елитен Корпус на Револуционерната гарда и паравоените сили.
Тој вети, меѓу другото, дека ќе продолжи да го напаѓа Хезболах откако групата отвори оган на 2 март како одмазда за атентатот врз врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, таткото на Моџтаба Хамнеи, од страна на Израел.
Нетанјаху беше прашан какви мерки би можел да преземе Израел против ајатолахот Моџтаба Хамнеи и шефот на Хезболах, Наим Касем.
„Не би издал полиси за животно осигурување на ниту еден од лидерите на терористичката организација. Немам намера да дадам точен извештај овде за тоа што планираме или што ќе правиме“, рече тој






