Неуспешен обид за предизвикување инцидент на активисти на Левица на Могилата на непобедените во Прилеп

– Денеска, среде одбележувањето на 11 октомври и 80 годишнината од народното востание, активисти на Левица, во криптата на Могилата на непобедените во Прилеп се обидоа да предизвикаат инцидент кога државниот врв ги полагаше цвеќињата и венците и им оддаваше почит на борците чии мошти се во Криптата.

Обидот за предизвикување иницидент на активистите на Левица беше неуспешен. Никој од обезбедувањето не презеде ништо, туку само мирно беа заобиколени активистите и им беше оддадена почит на загинатите прилепски борци во НОБ и револуцијата.

Ова се случуваше пред да се одржат обраќањата на претседателот Пендаровскии, на  Круме Соколоски од прилепскиот Сојуз на борци и на градоначалникот Илија Јованоски.

Во криптата на Могилата на непобедените се моштите на 462-јца прилепски борци од вкупно 650-те што ги дал Прилеп

Back to top button
Close