Неверојатна заработка: Коктел што заработи милиони
Вотка, лимонада, малку ликер од малина и три парченца диња – доволно за на Отвореното првенство на САД да се заработат неверојатни 17 милиони долари.
Првичните проценки беа дека официјалниот коктел ќе заработи 12-13 милиони долари, но навивачите на Њујорк се чини дека се опуштија оваа година.
Еден коктел „Хани Дјус“ чинеше 23 долари, а вкупно беа продадени 738.459.
„Хани Дјус“ е официјален коктел на Отвореното првенство на САД од 2007 година. Honey поради „honeydew melon“, , што во превод значи жолта или диња со медена роса. Тие се берат рачно во Бронкс, само со најдобар квалитет – така велат.
Се сервираат во форма на тениски топчиња врз чаша. Коктелот е премногу сладок за некои, но за повеќето е токму како што треба – едноставен и доволно вкусен за сите да го пијат.