Невин поминал 24 години во затвор: Сега е на слободна и ќе добие отштета од државата

Донте Шарп, кој на 19 години бил осуден на доживотен затвор, ќе може да поднесе барање за отштета до 750.000 долари.

Гувернерот на Северна Каролина помилува човек кој поминал 24 години зад решетки за убиство за кое долго време тврдел дека не го извршил.

Донте Шарп беше ослободен во 2019 година и помилувањето што го доби му дозволува да поднесе барање за отштета до 750.000 долари поради погрешна пресуда.

„Г-дин Шарп и другите кои се погрешно осудени заслужуваат оваа неправда да биде целосно и јавно признаена“, рече гувернерот Рој Купер.

Во 1995 година, кога имал 19 години, Шарп бил осуден на доживотен затвор за убиството на 33-годишниот Џорџ Редклиф додека продавал дрога.

Шарп цело време тврдеше дека е невин, а во едно интервју во 2019 година рече дека неговата вера и знаење дека е невин биле причината поради која не сакал да ја прифати понудата за поблага казна во замена за признавање на вината.

На виртуелна прес-конференција во петокот, само еден час по објавата на Купер, Шарп рече дека бил во неверување кога неговиот адвокат му се јавил со веста.

Тој рече дека сѐ уште го обработува и дека мисли на оние кои излегоа на улица и го поддржаа и се молеа во негово име.

Back to top button
Close