Невработен секој петти Црногорец
На крајот на август, во Црна Гора имало 43.070 невработени, што е за 1,6 проценти повеќе од јули, покажуваат податоците на Заводот за вработување.
Според месечниот извештај на Заводот, стапката на невработеност се зголемила од 18,26 на 18,56 проценти, пренесува порталот Инвеститор.
Највисоката стапка на невработеност, 32,7 проценти, беше забележана во јули 2000 година, додека најниската беше во август 2009 година – 10,1 процент.
Заводот од почетокот на годинава има регистрирано 8.350 нови вработени.
Од почетокот на годината огласени се 14.840 слободни работни места.