Невреме од 10 минути во Виница предизвика голема материјална штета

Голема материјална штета направија силниот ветер и обилниот дожд што во вчера попладне ја зафатија територијата на општина Виница.

Паднати дрвја, блокирани патишта, оштетени кровови, прекини на електродистрибутивната мрежа се последица од природната непогода во која настрадаа и градот и дел од околните населени места.

„Невремето траеше десетина минути и зад себе остави вистински пустош. Оштетени се покриви на објекти, а најмногу настрада лимената покривна конструкција на една колективна станбена зграда. Сериозни штети претрпеа и големи површини со лозја и овоштарници, каде родот за оваа сезона е целосно уништен.

Екипи на Територијалната противпожарна единица, на комуналното претпријатие „Солидарност” и од Електродистрибуција веднаш излегоа на терен за да обезбедат побрзо нормализирање на сообраќајот и санирање на електродистрибутивната мрежа. Сепак, последиците од невремето се видливи и денеска. Веќе имаме пријави од граѓаните, поради што ја активиравме општинската Комисија за проценка на штети и очекуваме за неколку дена да имаме целосен увид во мсостојбата“, истакна градоначалникот на Виница, Миле Петков.

Back to top button
Close